Доајенот и ненадминатиот мајстор на фотографијата во Македонија, Благој Дрнков почина вчера на 98 годишна возраст во родниот град Скопје. Многу негови фотографии од ЈАСЕН ги красат нашите канцеларии.
Добитник на повеќе награди меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во полето на филмот и фотографијата, награда за животно дело од Друштвото на ликовни уметници за применета уметност на Македонија, во 1975 година, Медал за заслуги за Македонија во 2008 година и титулата „Зограф на културата на РМ“, додеделено од Министерството за култура во 2011 година.
Како неуморен истражувач и документарист на македонската традиција, уметност и култура во своето богато фотографско творештво посветено на уметничката фотографија и создавано во текот на целиот свој животен век, Благој Дрнков изгради една ретка, трајна, ненадминлива и вечна фотографска колекција на Македонија.
|