
ЈП ЈАСЕН е дел од мрежата на заштитени подрачја "Паркови Динариди". Мрежа се состои од заштитените подрачја на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово (УНХЦР 1244/99), Црна Гора, Македонија и Албанија.
Динарскиот лак е со подрачје кое ја покрива територијата на Југоисточна Европа со приближна површина од 100 000 км2 во внатрешноста и повеќе од 6.000 км од крајбрежјето, целата област на Јадранското Море, од Трст (Италија) до Тирана (Албанија). WWF (World Wildlife Fund), го започна трогодишниот проект на почетокот на 2012 година. Проектот "Паркови Динариди", е финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка и Maвa Фондацијата.
Првата и основна цел на овој проект е да се создаде мрежа на заштитени подрачја, преку поврзување на сите паркови во Динарскиот регион. Во рамките на овој проект, важен сегмент е обуката на персоналот кој работи во заштитените подрачја. Планирано е да се одржат повеќе работилници и обуки за вредноста на заштитените подрачја, интеграцијата во ЕУ, одржливиот туризам и климатските промени. Вработените во заштитените подрачја ќе бидат во можност да се запознаат со работата на EUROPARK Федерација, со искуство и експертиза на вработените во заштитените подрачја во Европа, како и најновите пристапи и знаење во управување со заштитени подрачја.
Со своите природни и културни вредности, Динарски лак е еднаков на Карпатите, Алпите или било кој друг познат свет на екорегионите. Брендот создаден за овој преокт е паркови ДИНАРИДИ а слоганот НЕОТКРИЕНИОТ СВЕТ.
Повеќе за ДИНАРСКИТЕ ПАРКОВИ на:www.discoverdinarides.com/