ЗАШТИТА НА БАЛКАНСКИОТ РИС И ОДРЖЛИВО ЛОВСТВО
Учесниците на 14-та средба на Координативнот ЦИЦ форум за Централна и Источна Европа од 17 земји, дадоа преглед на состојбата на зачуваност на популацијата на балканскиот рис и одржливото ловство. Европската комисија, Обединетите нации за развој, како и претставници на неколку дипломатскиот кор исто така активно учествуваа на форумот.
I. Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е критично загрозен. Учесниците идентификуваа серија потребни мерки за итно подобрување на состојба на зачуваност на најзагрозениот подвид на евроазискиот рис во светот:
- Сегашната популација на балканскиот рис треба да зајакне – ова треба да биде најважна идна мерка. Без да се постигне оваа цел, сите други чекори ќе ја немаат потребната основа.
- Учеството на ЦИЦ-делегациите, организациите за заштита на природата и експертите се согласија да формираат Зелена алијанса која ќе ги извршува заедничките активности за заштита на балканскиот рис. Членовите на Алијансата ќе соработуваат во следењето на балканскиот рис, неговиот плен, и состојбата на живеалиштата.
- Алијансата ја препознава важноста на спроведувањето на законот за заштита на живиот свет, и ќе им помага на агенциите во нивните напори за поефективно спроведување на законот.
- Идентификувани се последните индивидуи на постоечката популација на Балканскиот рис, а потенцијалните области за неговото идно проширување треба да бидат назначени како приоритет на највисоко политичко ниво, со цел да се спречи загубата на нивниот еколошкиот интегритет.
- Јакнење на човечки ресурси (зајакнување на капацитетите / обуки на ниво на истражувачи, ловци и власти за управување дивот свет) се потребни за мониторинг и реализација на зацртаните задачи.
- Алијансата ќе се гради врз база на акумулираното искуство на членовите и ќе ги воспоставскористи и примени најдобрите практики од други релевантни области. Резултатите од зачувувањето на балканскиот рис ќе бидат дистрибуирани до сите засегнати страни. Ова ќе ги стимулира напорите за зачувување рисот во целина.
- Сите активности ќе бидат проследени преку односи со јавноста и програмата за комуникација. Во однос на ова, учесниците се многу благодарни на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија која се изјасни / го избраа Балканскиот рис како нивен амблем.
Зелената Алијансата воспостави Управен одбор за спроведување на првите конкретни акции.
II. На средбата беше истакната суштинската улога што одржливиот лов ја има во зачувувањето на дивиот свет, доколку интересите на локалните ловци и лов за туристички интерес се избалансирани.
Учесниците ја изразија својата благодарност до Јавното претпријатие Јасен и Македонското еколошко друштво кои како домаќини се погрижија да ја организираат оваа работилница и овозможија воспоставување првично/пионерско партнерство помеѓу ловџиите и заштитарите.
Скопје, 2 март, 2013 година
|