Риболовен ревир “АКУМУЛАЦИЈА КОЗЈАК” го опфаќа: Водната површина од вливот на реките, Беличка и Треска во “Акумулацијата Козјак”, се до ѕидот на истата од лева и десна страна се до Браната, без деловите заливите кои припаѓаат на ЈПУЗПП “Јасен”. На компанијата и е дадена концесија за риболов и за други употреби на езерото Козјак со Одлука на Влада 19-4617/1 од 26 декември, 2005 (Сл. Весник бр. 117/05). Период на забрана во Риболовна вода (Ревир, зона)- Акумулација Козјак.
Мрена |
15.05-15.06. 2017 |
Бојник |
01.05-31.05. 2017 |
Пастрмка |
01.01-31.01. 2017 |
Клен |
01.05-31.05. 2017 |
Крап |
15.05-15.06. 2017 |
Попадика |
15.05-15.06. 2017 | Пунктови за продавање на риболовни дозволи: 1. Дирекција ”ЈАСЕН”, ул. “11 Октомври” 23а 2. Кула “ЈАСЕН” на влезот 3. Коломот “ЈАСЕН” кај рампата во чуварска куќа 4. На улив на Беличка река и реката Треска во езеро Козјак Цени: Еднодневна дозвола 250 денари. Седмодневна дозвола 600 денари. Петнаесетдневна дозвола 800 денари. Годишна дозвола 4.000 денари. Најмала големина на риби под која не смее да се ловат:
Македонска пастрмка |
40 цм |
Крап |
40 цм |
Вардарски клен |
30 цм |
Вардарски скорбут |
25 цм |
Мрена бела |
35 цм |
Јагула |
60 цм |
Сом |
70 цм |
Попадика |
20 цм |
Црвеноперка |
20 цм |
Плашица |
12 цм |
Дозволени риболовни средства: 1. Блинкер на влечење со ограничување на 12 ловни дена во годината. 2. Две риболовни трски со по три јадица на трска. 3. Три риболовни трски со по една јадица на трска.
Дозволен дневен улов:
Македонска пастрмка |
До три примероци |
Крап |
До два примерока |
Вардарски клен |
До 5 кг |
Вардарски скорбут |
До 5 кг |
Мрена бела |
До 3 кг |
Јагула |
До еден примерок |
Сом |
До еден примерок |
Попадика |
До 3 кг |
Црвеноперка |
До 3 кг |
Плашица |
До 5 кг |
Доколку риболовецот има уловено разни видови риба, вкупната количина на улов за еден ден не смее да надминува 4 кг и секако не смее да бидат надминати ограничувањата по број и вид на риба. Постапка во случај на загадување на води, околина или помор на риби: Со оглед дека рекреативните риболовци се први и непосредно на терен, при евентуални промени како што се помор, невообичаено однесување на риби, загадување на водата со промена на нејзиниот квалитет и слично, веднаш се должни да алармираат на следните телефони и институции.
ЈПУЗПП “ЈАСЕН” 02/3115016 Рибочуварска служба 075 389096 Државен инспекторат за земјоделство 080011000
|